Продолжува промотивниот период за поволен станбен кредит во Комерцијална банка
Комерцијална банка го продолжува промотивниот период до 31.03.2016 г. во кој нуди поволен станбен кредит со ЕУР клаузула: - со 2.9% годишна, фиксна каматна стапка за првите 3 години и 6,85% годишна променлива за остаток на период на отплата на кредитот, соопштија од Банката.
Појаснуваат дека сите новоодобрени станбени кредит со ЕУР клаузула во промотивниот период до 31.03.2016г. ќе бидат без надомест за одобрување и администрирање и без трошоци за проценка.
За одобрени станбени кредити наменети за рефинансирање на постоечки станбени кредити во Комерцијална банка, ќе се пресметува и наплатува надомест согласно актите на Банката. За повеќе информации околу условите за кредитот посетете ја веб страната на Банката www.kb.com.mk
Слично
