Економија, финансии, бизнис

Контакт

Продолжува поддршката од Азербејџан за македонската царина

Продолжува поддршката од Азербејџан за македонската царина

Активностите за осовременување на работењето и воведувањето нови методи и алатки на полето на градењето на институционалните капацитети и на примената на современата информатичка технологија е презентацијата која македонската царина денеска, ја претстави денеска пред гостите од Азербејџан кои престојуваат во прва официјална посета. Воедно беа претставени резултатите од борбата против криминалот, унапредувањето на професионалната одговорност, соработката со стопанските субјекти и олеснувањето на трговијата и транспарентноста.

Директорот Ванчо Каргов се заблагодари за досегашната помош од азербејџанска страна и изрази надеж за натамошна, уште поинтензивна соработка особено во областа на економијата и културата меѓу двете земји, како и во зајакнувањето на политичко – дипломатските односи.

Неговиот колега, директорот на Царината на Азербејџан Ајдин Алиев, најави поддршка во информатичка технологија (софтвер), опрема и алатки за разоткривање, како и поддршка во зајакнување на административните и институционалните капацитети.

Гостите ќе го посетат и Регионалниот тренинг центар на СЦО во Скопје кој е дел од мрежата на тренинг центри на Светската царинска организација, чие седиште за Европа е Регионална служба за градење на капацитети (РОЦБ) во Баку.

Посетата на претставниците од Царинската управа на Азербејџан следи по склучувањето на Договорот за соработка и заемна помош по царински прашања меѓу двете царински служби во април годинава.

Слично

Поврзани вести