Продолжува падот на цените на нафтата
Терминските цени на нафтата денеска паднаа пред објавувањето на извештајот за залихите на тој енергент во САД, кој, според некои проценки, би можел да укаже на скокот на американските залихи на 33-годишен максимум.
Американската „лесна“ нафта за испорака во март поефтинила на њујоршката берза 1,46 долари на 50,68 долари, додека нафтата од типот „брент“ за априлската испорака во Лондон поефтинила 98 центи на 69,55 долари, пренсува Франс прес.
Проценките се дека неделниот извештај на американската владина Агенција за информирање за енергенси ќе покаже дека залихите на нафтата скокнале за три милиони барели на 420,9 милиони во неделата заклучно со 13 февруари, според анкетата на „Блумберг њуз“.
Податоците на ЕИА ќе укажат на рекорден неделен раст на залихите на нафта од август 1982 година, јавува „Блумберг“.
„Очекуваниот раст на залихите ќе има негативен ефект на пазарот“, изјавил Кен Хасегав од јапонската брокерска куќа „Њуеџ“.
