Продолжува падот на цената на нафтата во очекување на скок на залихи во САД
Цените на нафтата денес повторно паднаа, во очекување дека најновиот извештај за залихите на нафта во САД ќе укажат на понатамошен скок на резервите на тој енергент, наведуваат аналитичари.
Американската „Лесна“ нафта (WTI) за испорака во јуни поефтини на Њујоршката берза 18 центи на 56,88 долари, додека нафтата од типот „брент“ за јунска испорака во Лондон поефтинила 16 центи на 64,48 долари.
Американското министерство за енергетика денес ќе го објави новиот извештај за залихите на нафта, за кој аналитичарите прогнозираат раст од 2,9 милиони барели во неделата заклучно со 24 април, според резултатите на анкетата која ја спроведе Блумберг.
Во изминативе 15 недели, залихите константно растеа и моментално се на рекордно ниво, што додатно допринесува на онака прекумерните глобални залихи кои беа клучен фактор за падот на цените на нафтата од јуни минатата година за преку 50 одсто.
