Продолжува падот на производството на млекото во Хрватска
Падот на производството на млекото во Хрватска продолжи и во февруари оваа година, според податоците на Државниот завод за статистика собрани се 41.431 тони кравјо млеко, т.е. за 16,7 отсто помалку од пред една година.
Февруари е осми месец по ред статистиката да бележи пад на откупена количина на кравјо млеко, а шести месец по ред падот е поголем од 10 отсто.
Податоците на ДЗС покажуваат дека во февруари во однос на истиот месец во 2012 година намалено е и производството на млеко и сите други млечни производи.
Слично
