Економија, финансии, бизнис

Контакт

Продолжува падот на Атинската берза

Продолжува падот на Атинската берза

Акциите на Атинската берза рано утрово биле во пад 4,5 одсто, како последица на новата вредност на акциите на грчките банки, јавува Ројтерс.

Акциите на четирите водечки грчки банки утрово паднаа за преку 29 одсто, наведува британската агенција.

Најновата загуба на вредноста на акциите следи само ден после бележењето на рекордните загуби на Атинската берза која вчера е отворена после пет недели запрено тргување.

Кога станува збор за останатите акции на водечките европски берзи, тие на почетокот на утринското тргување евидентирале пад, при што лондонскиот индекс FTSE паднал 0,11 одсто на 6.680,85 поени, франкфуртскиот DAX 30 за 0,31 одсто на 11.408,23 поени, а парискиот CAC 40 за 0,12 одсто на 5.114,63 поени.

Главниот индекс на Атинската берза, Athex, вчера го заврши тргувањето во минус од 16,2 одсто, што е најголем регистриран некогаш пад на тој индекс, бидејќи инвеститорите реагирале на продолжувањето на неизвесноста во поглед на новиот пакет помош на Европската унија и на влошување на сотојбата на економијата на Грција, наведува Ројтерс.

Слично

Поврзани вести