Продолжува кампувањето пред Влада и Собрание
Камперите на опозицијата и власта продолжуваат да кампуваат пред Влада и Собрание и денеска.
Опозицијата бара оставка од Груевски и формирање на преодна влада која би подготвила вонредни парламентарни избори.
Премиерот одговори дека нема да отстапи.
Граѓаните кои се собрани и кампуваат пред Собранието во знак на поддршка на премиерот Груевски вели дека таму ќе остане се додека лидерот на опозицијата Зоран Заев не се откаже од намерата да ја дестабилизира државата,
„На влас се доаѓа со легитемен пат, со избори, а не со креирање на вештачка криза, како што тоа го прави Заев“, вели еден граѓанин.
„Ниедна влада не направила толку, нема да дозволиме Заев да ја преземе власта“, категоричен е друг граѓанин.
Симпатизерите на Заев пак пред Владата кампуваат веќе две недели. И тие тврдат дека нема да си заминат одтаму се додека премиерот Груевски не си поднесе оставка.
На денешната програма, камперите пред Влада ги имаат следниве активности:
08:00 - 16:00 Средување на кампот и дневни активности
16:00 - 21:00 Хуманитарен базар 18:00 - 19:00 Протестен марш - Скопје 2014 - Од Камп на Слободата до Министерство за култура 19:00 - 20:00 Обраќања: Збогум Никола! - Илија Николовски, Партија на пензионерите - Станислав Пипан, универзитетски професор - Максим Димитриевски, СДСМ - Горан Мисоски, НСДП 20:00 - 22:00 Музика, видео, арт: Џабир Дерала и гостиИмено, за во вторник е најавена нова лидерска средба на политичките лидери на која најверојатно ќе присуствува комесарот Јоханес Хан.
Средбата нема да се одржува во Клубот на пратеници како и досега туку ќе биде во резиденцијата на Орав.
Слично
