Продолжува „чистката“ во истанбулската полиција, разрешени уште 25 началници
Нови 25 полициски началници од Истанбул се разрешени од должности во масовната полициска операција против корупцијата која се спороведува во Турција оваа недела. Како што јавува БТА, претходно уште 11 началници на оддели на полицијата во градот беа разрешени, заедно со директорот на истанбулската полиција Хусеин Чакпан.
Промени во врзвот на полицијата има и во други области во Турција. Инаку во корупцискиот скандал кој ја тресе земјата од вторникот вмешани се синови на двајца министри. Јавното обвинителство на Истанбул покрена обвинение и ги задржа во притвот синовите на министрите за внатрешни работи и за економија, Муамер Ѓулер и Зафер Џаглајан.
Покрај нив, за корупција, измами, илегална трговија на злато и присвојување на туѓ имот, се обвинети уште 14 лица. Во оваа група беше приведен и директорот на турската државна „Халк банка“, Сулејман Аслан, а приведен па пуштен беше синот на турскиот министер за животна средина и урбанизам Ердоган Бајрактар.
Слично
