Продолжува „боледувањето“ на Јаху, се повлекува од Јужна Кореја
Интернет пионерот Јаху, за прв пат во својата историја се повлекува од азиски пазар.
„Во Јужна Кореја од почетокот на декември ќе бидат запрени он-лајн услугите", изјавија од компанијата во петокот и додадоа дека Јаху сепак ќе продолжи да инвестира повеќе средства во глобалниот бизнис.
Јаху е активен во Јужна Кореја од 1997 година. Таму компанијата никогаш не успеа да им се спротивстави на локалните ривали како „NHN“, „Daum Communications“ и „SK Communications“.
Од глобален аспект Јаху се бори со внатрешните проблеми и против конкурентите како Гугл и Фејсбук. Во јули за нов извршен директор беше назначена Мариса Маер. Нејзиниот претходник Скот Томпсон беше отпуштен поради недоследности во академските квалификации и лажната автобиографија. Иако Јаху ја губи почвата под нозете, сепак компанијата има големо влијание во интернет бизнисот бидејчи над 700 милиони луѓе ги користат поштенските услуги и неговите портали.
Слично
