Економија, финансии, бизнис

Контакт

Продолжува блокадата на грчките гранични премини

Продолжува блокадата на грчките гранични премини

Продолжува блокадата на граничните премини кон Грција.

На граничниот премин Евзони-Богородица, сообраќајот при влез и излез од Грција се одвива со прекини. На секои два часа прекин се пропуштаат возила во времетраење од 15 минути.

Преминувањето на границата пеш ќе биде дозволено за сите патници. Пеш може да се помине на преминот Стар Дојран и Ники кај Меџитлија. Кај Стар Дојран само во исклучителни ситуации може да бидат пропуштени возила, стои во извештајот на АМСМ. Прекинот  е поради штрајк на Федерацијата на цариници на Грција.

Според информации од терен поради штрајк на грчките цариници, граничните премини со Македонија ќе бидат затворени до 23 месецов.

Слично

Поврзани вести