Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРОДОЛЖЕНИОТ ВИКЕНД ИМ СЕ ПОГОДИ: Грција се наполни со Македонци

ПРОДОЛЖЕНИОТ ВИКЕНД ИМ СЕ ПОГОДИ: Грција се наполни со Македонци

Како порачан им дојде продолжениот викенд на десетина илјади граѓани.

Топлото време ги избрка Македонците од главниот град а и ширум земјава и ја наполни Грција.

Утринава беа забележани редици автомобили на граничните премини кон соседна Грција а граѓаните решија викендот да го искористат и да се разладат.

Само вчера вечерта границата ја преминале над 4000 македонци, а денеска во најголемиот шпиц нас 6000 граѓани отишле на грчкото море.

Поради сообраќајниот метеж граѓаните беа принудени да чекаат на границите и по половина час и на двете граници.

Зошто Грција а не Охрид?

Ги прашавме граѓаните зошто ја избираат соседна Грција, а не заминат во Охрид на продолжен  викенд.

Повеќето ни одговорија дека Грција ја преферираат поради морето. Сезоната почна, плажите се песочни и водата е топла, додека Охрид е студен и нема такви плажи како што има на Халкидики.

Како и да, секој има право на избор каде да оди да се разлади на горештиниве.

Слично

Поврзани вести