Продолжен рокот за продажба на акциите на државата во „Еурокомпозит“
Се продолжува рокот за продажба на акциите на државата во друштвото „11-ти Октомври Еурокомпозит“ од Прилеп.
Крајниот рок за подигање на тендерската документација ќе биде три јуни оваа година.
Согласно ова, крајниот датум за доставување на понуди, наместо 18-ти април, ќе биде на шести јуни во 13 часот, а јавното отворање на понудите ќе биде истиот ден во во 14 часот.
Јавниот повик за прибирање понуди за продажба на акции на Република Македонија во „11 Oктомври Еурокомпозит“ е објавен на интернет страната на Министерство за економија: www.economy.gov.mk.
Слично
