Економија, финансии, бизнис

Контакт

Продолжен рокот за легализација на тракторите и земјоделската механизација

Продолжен рокот за легализација на тракторите и земјоделската механизација
До 10-ти април е продолжен рокот за легализација на тракторите и земјоделската механизација. -Продолжувањето на рокот за легализација на тракторите и земјоделската механизација е со цел земјоделците во поголем обем да го легализираат имотот. Досега за легализација на земјоделска механизација сe поднесени 13.000 барања. Според податоците од Земјоделски факултет има регистрирани од 30.000 до 35.000 парчиња земјоделска механизација која нема регулиран статус, истакна Александар Ѓорѓиев, портпаролот на Владата. Втората мерка се однесува на подобрување на условите за добивање на земјоделско земјиште. Имено, сега, како што рече Ѓорѓиев,  социјалците откако ќе го добијат земјоделското земјиште наместо една година како досега, социјалната помош ќе може да ја примаат во рок од две години. -Во овој период социјалците ќе може да одлучат дали ќе продолжат да се занимаваат со земјоделство. Доколку не одлучат да продолжат да се занимаваат со земјоделство, нема да го изгубат правото на социјална помош, додаде Ѓорѓиев. Тој рече дека очекува земјоделската механизација да биде легализирана, а земјоделците во овој период дека ќе успеат да ги регистрираат своите трактори.
Слично

Поврзани вести