Продолжен рокот за доставување понуда и купување на ОХИС
Рокот за доставување на понудите по јавниот повик за инвестиции во АД ОХИС е продолжен за две недели до 30-ти ноември, информираат од Министерството за економија.
Одлуката е донесена на последната владина седница со цел да се овозможи подготовка на квалитетни понуди од страна на потенцијалните инвеститори.
Како што стои во соопштението од Министерството за економија, продолжениот рок ќе важи само за двата правни субјекта кои ја имаат подигнато тендерска документација до 7 ноември кога беше крајниот рок.
Ова е деветти тендер за продажба на ОХИС. Објектот се нуди за 14 илјади евра со услов да бидат задржани сите вработени и да се исплатат сите заостанати плати и придонеси. Во меѓувреме работниците продолжуваат со протестите пред Владата барајќи си ги заостанатите 14 плати и придонеси.
Слично
