Економија, финансии, бизнис

Контакт

Продолжен притворот за лекарот Ставриќ

Продолжен притворот за лекарот Ставриќ
Притворот за очниот лекар Дејан Ставриќ, осомничен за незаконско посредување, е продолжен за уште 30 дена. Судот на Ставриќ најпрвин му одреди мерка притвор во траење од 8 дена, но денеска таа беше продолжена за уште 30. Одлуката е донесена откако Oсновното јавно oбвинителство поднeсе обвинителен акт до судот и побара понатамошно задржување во притвор на Ставриќ. Кривичниот суд треба да одреди судија и да отпочне постапка против Ставриќ, кој се товари за примање поткуп како награда за противзаконско влијание. Тој беше уапсен на 6-ти мај, кога полицијата кај него пронашла обележани банкноти искористени за поткуп. Пациент пријавил дека лекарот му бара поткуп од 2.000 евра за да посредува да добие инвалидска пензија. Ставриќ порано беше претседател на Независниот синдикат на клинички центри и еден од организаторите на протестите против реформата за плаќање по учинок.  
Слично

Поврзани вести