Продолжен притворот на Захир Бекири – Чауш
Апелацискиот суд Скопје ја уважил жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје и му го продолжил притворот на Захир Беќири-Чауш.
Тој на 31 мај годинава беше осуден на 2.5 години затвор за фалсификување исправа и за нелегално поседување оружје.
„Денеска од Апелацискиот суд Скопје до Основен суд Скопје 1 е доставено решение со кое жалбата на ОЈО Скопје против решението на Основниот суд Скопје 1 против лицето З.Б. се уважува, а решението на судот се преиначува, со што мерката притвор против З.Б. се продолжува, сметано од 31 мај 2016 година, до правосилноста на пресудата. Во однос на лицето И.Б., жалбата на ОЈО Скопје се одбива како неоснована, а решението на Основниот суд Скопје 1 се потврдува, со што за обвинетиот се укинува мерката притвор. Двете лица кои беа дел од предметот што го води овој суд К.бр.773/16 и беа осудени за повеќе кривични дела, по што судија по донесувањето на одлуката донесе решение и ја укина мерката притвор, а обвинителството вложи жалба на ова решение“- стои во соопштението на Основниот суд Скопје 1.
Второстепниот суд, како што информираат од Основниот суд Скопје 1, истовремено ја одбил жалбата на ОЈО Скопје и му го укинал притворот на братот на Захир Бекири, Имер Бекири, кој во истиот случај доби затворска казна од една година.
