Продолжен притворот на новинарот Кежаровски, утре е најавен голем протест
Уште за 30 дена е продолжен притворот на новинарот Томислав Кежаровски, а на предлог на јавниот обвинител. Иако новинарот побара со приложување на имотот како гаранција да му се дозволи да се брани од слобода, нема одговр од Кривичниот суд. Новинарот кој е притворен поради сомневање дека објавил име на заштитен сведок пред 5 години, три дена штрајкува со глад.
„Сите сме шокирани и ова навистина е голем срам за Македонија и за судството, за обвинителството, за власта, за политичарите, за сите нас. Ќе го учиме како студија на случај, како се крши новинарството во нашата држава, за жал. Само се надевам дека неговата сопруга и Кежаровски ќе останат здрави и живи во овој процес и сè нешто ми личи дека ова на крај ќе излезе како Слугата Јернеј и неговото право“, изјави пред судот Жанета Трајкоска од Иницијативниот одбор.
Од Иницијативниот одбор за спас на Кежаровски за утре најавија протест со почеток во 11 часот пред Кривичниот суд, а како реакција на продолжувањето на притворот за нови 30 дена.
Здравствената психофизичка состојба на Кежаровски е нарушена. Неговото апсење доведе до реакции и од европските новинари од каде што стигнуваат поддршка и барање за ослободување.
Обвинителството претходно покрена обвинение и за останатите осомничени во случајот Ликвидација.
Слично
