Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРОДОЛЖЕН МАНДАТОТ НА ТРОЈЦА ЧЛЕНОВИ НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА ХАЛК БАНКА - остануваат на „кормилото“ и во следниов период

ПРОДОЛЖЕН МАНДАТОТ НА ТРОЈЦА ЧЛЕНОВИ НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА ХАЛК БАНКА - остануваат на „кормилото“ и во следниов период

Халкбанк АД Скопје преку соопштение на Македонска берза објавува дека им е продолжен мандатот на членовите на Управниот одбор, Беркан Имери, Александар Иљов и Мухамед Хаџи - Пази.

- Почитувани, Врз основа на Законот за хартии од вредност, Халк Банка АД Скопје објавува дека: 

Согласно Решението на Извршниот Одбор на Народна Банка на Р. Северна Македонија издадена е претходна согласност за реименување на г-дин Беркан Имери, г-дин Александар Иљов и на г-дин Мухаммед Хаџи - Пази, сметано од 03.02.2026 година.

Промените се упишани во Централниот Регистар на Р. Северна Македонија на 06.02.2026 година. 

Г-дин Беркан Имери, г-дин Александар Иљов и г-дин Мухаммед Хаџи - Пази ќе продолжат да ја извршуваат функцијата - Извршен Директор, Член на Управниот одбор на Халк Банка А.Д. Скопје - се посочува во објавата. 

Покрај Имери, Иљов и Хаџи - Пази во УО на Халк Баанка е и  Фатих Шахбаз, и воедно сите четворица се и извршни директори во банката. 

Слично

Поврзани вести