Економија, финансии, бизнис

Контакт

АВТОМОБИЛИ: Продажбата со најсилен раст од 2007!

АВТОМОБИЛИ: Продажбата со најсилен раст од 2007!
Европските продажба на автомобили се зголеми на 6% на годишна основа, во октомври, отворајќи го патот пред автомобилскиот пазар кон неговиот прв годишен раст од 2007 година. Побарувачката беше придвижувана од општото намалување на цените и новите модели на компании како Renault SA, BMW и Fiat Chrysler Automobiles NV. Регистрациите се зголемија до 1,11 милиони, покажаа податоците на Европската асоцијација на производители на автомобили. Продажбата за десетмесечието се зголемува исто со 6% до 11 милиони автомобили. Сепак има и земји со пад на октомвриската продажба на автомобили и тоа во Франција (пад за 3,8%), во Белгија (3,5%), Данска (со 3,0%), Финска (2,8%) и во Холандија (пад од 2,5%). Попустите во Германија, најголемиот пазар на возила во регионот, како и рекордно ниските трошоци за заемите ги охрабрија купувачите на автомобили и покрај целокупното забавување на економската активност на Стариот континент. "Сегашната инерција е подобра отколку што можеше да се очекува во почетокот на годината", посочи Филип Ушуа аналитичар во UBS AG. "Иако ценовните услови остануваат тешки, подобрување има", додаде тој. Дистрибутерите на автомобили во Германија ги намалија цените во просек за 11,8% на годишна основа, во октомври, откако стапката остана без измена во споредба со претходните два месеца според податоците на Autohaus PulsSchlag. На чело на ВТА се моделите на италијанско-американскиот производител Fiat Chrysler, при што намалувањата достигнаа 14,8 отсто. Француските автомобилски производители Renault и PSA Peugeot Citroen пак ги намалија пазарните вредности со 13,9%. K.K.
Слично

Поврзани вести