ПРОДАЖБАТА НА ОБЛЕКА И ОБУВКИ ЈА ЗГОЛЕМИ ГЕРМАНСКАТА МАЛОПРОДАЖБА: Најнови податоци на Дестатис
Прометотт
во германската малопродажба порасна во септември, поттикнат од продажбата на
облека и обувки на почетокот на есента, покажа извештајот на Заводот за статистика Дестатис.
Тој реално пораснал за 0,9 отсто во септември во споредба со август, кога паднал за 1,4 отсто, покажуваат ревидираните податоци, објави денеска Дестатис. Номинално е зголемен за 1,8 отсто.
Разликата меѓу реалната и номиналната вредност одразува силен пораст на цените, забележуваат статистичарите.
Споредбата со ланскиот септември покажува пад на прометот за 0,9 отсто реално. Номинално е повисока за 9,9 отсто.
Споредено со овогодинешното највисоко ниво постигнато во март, тоа е пониско за 3,8 отсто, а го надмина предпандемискиот септември за 3,2 отсто, додаваат оттаму.
Продажбата на храна се зголеми за 2,6 отсто во септември во споредба со август, кога падна на најниско ниво во повеќе од пет години.
Во однос на ланскиот септември е намален за 2,4 отсто.
Дестатис издвојува скок во промет во продавниците за облека и обувки, за 9,9 отсто во однос на август. Споредено со истиот месец лани, тој скокнал за 11,8 отсто.
