Продавница од иднината - Земате производите, не чекате ред и не плаќате на каса
Amazon отвори супер маркети каде нема каси и физичка наплата
Amazon планира да воведе синџир на маркети каде купувачите нема да чекаат редици на каса, нема да плаќаат со физички пари или картички и нема потреба да да се мачат да ги најдат производите кои им требаат.
Тоа ќе се воведе со новиот Amazon Go сервис за купување каде ќе се користат напредни алгоритми на вештачка интелегенција за предложување и пронаоѓање на производите кои ви требаат.
Исто така наплатата ќе се врши преку систем за мобилни плаќања кој ќе се поврзе со Amazon Go апликацијата и штом се регистрирате ќе може да почнете да пазарите без да чекате редови или враќање на кусур.
Првата продавница на Amazon Go засега е наменета само за нивни вработени, а на почетокот на следната година ќе биде отворена и за купувачите.
