Економија, финансии, бизнис

Контакт

Продавање магла е недела неработен ден, велат од Здружението „Гласен текстилец“

Продавање магла е недела неработен ден, велат од Здружението „Гласен текстилец“

Има реакции за прогласувањето на недела за неработен ден. Продавање магла е недела неработен ден, велат од Здружението „Гласен текстилец“ од Штип и најавуваат оспорување на законот. 

Според нив, дека законот е класична манипулација.  Освен 37 дејности кои можат да работат во недела, во законот нема дадено и автентично толкување за фирмите кои имаат карактер на придружни или помошни дејности, кои можат да работат во недела.

„Значи, недела не е неработен ден, туку ќе биде работен ден и тоа за многу дејности, дополнително е и што нема автентично толкување, кои се тие помошни, придружни дејности. Можат да произлезат уште 100 од нив и фактички ќе биде легално прекршување на работничките права во име на профитот“, вели Кристина Ампева од „Гласен текстилец“.

Очекуваат дека одредени работодавци ќе го злоупотребуваат ова право.  Решение за компаниите навистина да го почитуваат недела неработен ден е конечно да се поврзат електронски за евиденција на работното време со УЈП, вели Ампева. „Гласен текстилец“ заедно со други здруженија и синдикати ќе го оспори Законот на Уставен суд.

Премиерот Зоран Заев вчера изјави дека со недела неработен ден ќе се направи баланс меѓу приватниот и професионалниот живот на работниците. Недела неработен ден ќе стартува од 1 октомври. 

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска вчера изјави дека на работодавачите кои ќе го прекршат законот, ќе им се забрани работа од 15 дена и ќе им се издаде прекршочен платен налог.

Слично

Поврзани вести