Економија, финансии, бизнис

Контакт

Продавачите најбарани, македонските фирми бараат и информатичари, леари и медицински сестри

Продавачите најбарани, македонските фирми бараат и информатичари, леари и медицински сестри

Македонскиот пазар на труд во моментов се соочува со недостиг од 7.071 работници.

Толкав број на слободни  работни места бележи Агенцијата за вработување .

Најмногу кадри се потребни во преработувачката индустрија, трговијата и градежништвото а од занимањата најбарани се продавачите, работници во погон и општи работници.

Истражувањата на Агенцијата за вработување покажуваат дека земјава се соочува со хроничен недостиг од квалификуван кадар во одредени дејности.

Компаниите кои бараат високо квалификувани кадри имаат потреба од програмери, информатичари, градежни инженери, архитекти, машински инженери, електроинженери, технолози, фармацевти, графички дизајнери додека со средно или вишо образование се бараат комерцијалисти, техничари, медицински сестри, администратори, леари и слично.

Се бараат и бравари, столари, шивачки, армирачи, лимари, повеќе профили на градежни работници, металостругари, монтери, автомеханичари, електроинсталатери, преработувачи на овошје и на зеленчук за потребите на преработувачката индустрија.

Слично

Поврзани вести