ПРОДАВАЧИТЕ И ХИГИЕНИЧАРИТЕ НАЈБАРАНИ НА ПАЗАРОТ – еве каде има најмногу отворени работни места во земјава
Столари, програмери, градежни инженери, монтери, продавачи, касиери, хигиеничари, службеници, општи работници... Ова се мал дел од дејностите за кои во овој период има активни огласи за вработување објавени на веб страната на Агенцијата за вработување.
Првичниот впечаток е дека периодов има силна потрага по столари, бидејќи има повеќе огласи од различни компании кои бараат кандидати за оваа позиција. Сепак, податоците на Агенцијата откриваат дека изминатиов период најголема потреба на пазарот имало за продавачи. Имено за позицијата продавач имало дури 701 отворено работно место и оваа дејност е убедливо на врвот со најмногу слободни работни позиции во Македонија.
Податоците откриваат дека меѓу најбараните занимања во нашата земја е хигиеничар на станбен и деловен простор, занимање кое долг период беше и на самиот врв, но сега се најде на втора позиција со 639 отворени работни места.
Агенцијата за вработување постојано објавува податоци на слободни работни места, и буквално на дневна основа ги ажурира податоците за тоа каде граѓаните најлесно можат да најдат вработување.
Со стотина отворени позиции помалку на третото место според анализата има за позиција административен службеник и тоа вкупно 572 отворени позиции.
Но, одма зад нив се општите работници, кои исто така влегуваат во најбарани дејности, и за нив има отворено 568 работни места.
После овие најбарани занимањана петата позиција се најде занимањето келнер за којашто дејност има 448 отворени работни места.
Потоа следат оператор во колцентар со 433 отворени позциции, возач на камион со 424 отворени работни места, па работници за едноставни работи со 374 места...
После овие занимања следуваат обезбедувач, готвач, шанкер, магационер, возач на товарно возило, градежен работник, шивач, администратор, .
Занимањето програмер, кое е едно од омилените меѓу младите е на 22 место според бројот на работници кои се бараат на пазарот, и има отворени 122 работни места.
Кога станува збор за слободни работни места по дејности,
преработувачката индустрија е убедливо на прво место со слободни 2.347места, а потоа е
трговијата на големо и мало, каде што можат да се најдат 1.957отворени работни
позиции.
Следна со 1.777 слободни места е административни и помошни услужни дејности, а на четвро место со 1.659 отворени позиции е сместување и послужување храна. Потоа следува сектрот транспорт и складирање каде има отворени 1.157 работни места. На петата позиција со најмногу слободни места е градежништвото со 866 отворени позиции.
Најлесно би било да се најде работа во главниот град, бидејќи во Скопје има најмногу отворени работни места, дури 7.925, а по него следува Битола со 692 отворени места, па Куманово со 626 позиции, по што следуваат Тетово со 531и Штип со 426слободни работни места, а потоа доаѓаат другите градови.
П.О.