Економија, финансии, бизнис

Контакт

Продаваат облека и обувки за да платат сметки

Продаваат облека и обувки за да платат сметки

Освен на онлајн огласници, се поголем број граѓани на Хрватска и на Фејсбук страници нудат носена облека и обувки за да платат сметки.

Материјалната состојба на многу хрватски семејства ни малку не е сјајна. За да имаат пари на страна, работат уште една работа или ја продаваат сопствената облека и обувки.

На Njuškalo.hr илјадници Хрвати продаваат маици, кошули, чевли за да заработат, пишува  Poslovni dnevnik.

„Продавам за дополнителни приходи. Претходно облеката ја подарував или некои износени парчиња ги фрлав, но сега е криза и успеав некои кошули да ги продадам за 40 куни по парче. Заработив 120 куни, а потоа продавав и детска облека и тука земав уште 100 куни. Треба човек да се снајде. Имам големо семејство и роднини,  така што од нив земам детска облека и месечно заработувам од 300 до 500 куни, таман за да платам струја“- вели една госпоѓа за Слободна Далмација.

На многу Фејсбук страници може да се купи солидна облека за пристојни цени.

Слично

Поврзани вести