Економија, финансии, бизнис

Контакт

Продадете ги своите Ауди автомобили и возете 500L

Продадете ги своите Ауди автомобили и возете 500L
Српската Влада треба да ги продаде сите возила од возниот парк и наместо Mерцедес, Aуди и БМВ сите членови на владата да  се возат во националниот автомобил  "Fiat 500L". Ова е предлогот на пратениокот на Демократската партија во Србија Душан Милосављевиќ кој оцени дека тие средства би можеле да бидат употребени за подобар живот на трудниците и работниците. -Ако го фаворизирате Fiat велејки дека е национално возило, предлагам да ги продадете сите аудија, мерцедеси..и сите да се возите во својот  национален автомобил- возете 500L. Тоа е препорака и за сите локални самоуправи, изјавил Милосављевиќ во дел од собраниската седница кога пратениците поставуваат прашања.
Слично

Поврзани вести