Економија, финансии, бизнис

Контакт

Продадени трговските центри Делта Сити за 200 милиони евра

Продадени трговските центри Делта Сити за 200 милиони евра

Компанијата Делта Холдинг на Мирослав Мишковиќ ги продала трговските центри Делта сити во Белград, потврдуваат за српски Б92 официјални претставници.

Купувач е јужноафричкиот инвестиционен фонд „Хипроп инвестмен лимитед“, кој објави дека од српската компанија Делта риелстејт, која е дел од Делта холдингот, ги купил трговските центри Делта цити во Белград и Подгорица за 202,75 милиони евра.

Како што наведува купувачот, Делта сити е купен за 127,75 милиони евра, од кои 112 милиони е продажна цена, додека со нешто помалку од 16 милиони евра ќе бидат исплатени постоечките долгови за банките.

Делта сити во Подгорица е продаден за 75 милиони евра, од кои 60 милиони е цената за самиот објект додека со нешто помалку од 15 милиони евра ќе бидат исплатени банкарските заеми.

Претходно компанијата Делта холдинг по повод медиумските написи дека шопинг центарот е продаден, соопшти дека се што е во сопственост на Делта има потенцијал да се продаде, но дека засега ништо не е продадено.

„Но ако наиде добар купувач, односно добра понуда, ќе размислиме“, речено е тогаш.

Претседателот на компанијата Мирослав Мишковиќ изјавил неодамна дека менаџментот на Делта холдингот е во сериозни преговори за продажба на трговските центри „Делта сити“ на Нов Белград и во Подгорица, со објаснување дека сите тие слични потези во последно време се повлекуваат „бидејќи не е добро сите јајца да бидат во една корпа“.

Слично

Поврзани вести