Економија, финансии, бизнис

Контакт

Продадени акции на „Инекс Горица“! Кој ги купи и колку плати?

Продадени акции на „Инекс Горица“! Кој ги купи и колку плати?

Новиот сопственик купи 9 отсто од акциите на најреномираниот хотел на охридската ривиера. Плати 30 евра по акција, цена тројно повисока од последната просечна пазарна цена!

Инвеститор плати 230.000 евра за 9,2 отсто од акциите на најреномираната и славна тераса на охридската ривиера – хотелот „Инекс Горица“. Вчера на берзата во две блок трансакции беа истргувани вкупно 7.850 акции со право на глас од оваа хотелска компанија. Единечната цена на секоја истргувана акција изнесува 1.800 денари што е за три пати повеќе од последната просечна пазарна цена на таа акција која изнесува 600 денари. Според последната пазарна цена на таа акција „Инекс Горица“ вреди 2,5 милиони евра.

Инекс Горица е еден од најпосетуваните хотели на охридската ривиера и е „бест бај“ особено за странски туристи. Инекс Горица ја има летната тераса која заради уникатниот спектакуларен поглед важи за најубава на охридската ривера. Воедно  е хотел со традиција кој децении наназад  угостил бројни официјални делегации од странство.

Според достапни официјални податоци најголеми акционери се три домашни физички лица. Најголем поединечен акционер е Божо Илоски, познат како „Бошко Ремис“  кој поседува 62,7 отсто од акциите, а Гоце Блажески и Светозар Шаврески поседуваат по 17 отсто од акциите. 

Корона кризата лани силно удри врз работата на хотиелиерско – учестителската индустрија, па исклучок не беше ниту Инекс Горица. Лани прометот на ова друштво (кое управува и со авоткампот „Градиште“) беше преполовн и изнесуваше 472.000 евра, а годината ја заврши со загуба од 341.000 евра. 

Р.Ф.

Слично

Поврзани вести