Продадена југословенската амбасада во Њујорк, колку пари ќе добие Македонија?
Државите наследнички на поранешната СФРЈ потпишаа договор во Њујорк за продажба на апартманот на Парк Авенија 730 за вкупно 12,1 милиони долари, а според информациите на „Експерс“, Македонија како поранешна федеративна членка, ќе добие 6 отсто, односно 726.000 евра.
Средствата од дуплекс-апартманот од околу 215 квадратни метри со шест-спални, четири бања ќе се поделат меѓу поранешните југословенски републики – Србија, Хрватска, Македонија , Босна, Словенија и Црна Гора. Резиденцијата што некогаш ја користеа југословенските амбасадори, како и поранешниот претседател Јосип Броз Тито на неговите патувања во Њујорк, е празен уште од 1992 година, кога замина последниот постојан претставник на СФРЈ во Обединетите нации.
Во изминативе години Србија ги плаќала трошоците за одржување -по 15.500 долари
месечно, поради што ќе добие речиси 40 проценти од цената што ја понудил непознат
купувач.
