Економија, финансии, бизнис

Контакт

Продаден екстремно скап стан - над 5000 евра чини квадрат

Продаден екстремно скап стан - над 5000 евра чини квадрат

Во соседна Србија лани е продаден стан за 700.000 евра во Стари град во Белград.  

Се работи за стан од 132 квадрати, што значи дека еден квадрат чини 5.290 евра. 

Но, најскапата куќа која е продадена во 2016 година, не е  во Белград, туку во Суботица и тоа за 1.2 милиони евра. 

Во Србија лани се продавале 126.000 недвижнини, или за 12% повеќе за разлика од 2015 година. 

Просечната цена на квадратен метар површина е 880 евра. 

Во земјата два пати годишно ќе се објавуваат цените на недвижниот имот. 

Слично

Поврзани вести