Procter & Gamble бара работници со македонски пасош во Чешка со платено сместување
Manpower Чешка за потребите на фабриката Procter & Gamble која вработува 95 илјади работници ширум светот објавува оглас за оператори во производство кои ќе работат во Република Чешка.
Работата се состои од следење на производната линија и линијата за пакување, следење на квалитетот на производите, поставување и редење на опрема за работа и интервенирање при евентуален застој на производната линија.
Потребни услови:се минимум средно образование, возраст над 18 години (мажи и жени), добредојдени се и брачни парови и важечки македонски пасош
Компанијата нуди месечна нето плата од 750 до 810 евра (плус дополнителен надомест за 2-ра и 3-та смена), обезбедено сместување во близина на работно место (со вклучени режиски трошоци), обезбеден оброк во кантина (можност за избор од 3 понудени јадења), доплата за прекувремена работа и работа на празник, платен одмор од 25 дена, обезбедена опрема (облека, обувки, заштитна опрема).
