Економија, финансии, бизнис

Контакт

Прочитајте! Колку пораснаа парите за пензии на идните пензионери во двата приватни фонда?

Прочитајте! Колку пораснаа парите за пензии на идните пензионери во двата приватни фонда?

Тенденцијата на раст на вредноста на сметководствената единица во последниве пет години е десет денари на годишни ниво и кај двата фонда. И кај двата фонда вредноста на сметководствените единици пораснале за по 80 отсто од 2006 до крај на 2016 година  

Вредноста на средствата на идните пензионери во двата задолжителни пензиски фондови пораснала за околу 80 отсто изразено во вредноста на сметководствените единици споредувано од февруари 2006 година до крајот на 2016 година, покажува споредбата на официјалните податоци достапни на МАПАС. На крајот на 2016 година вредноста на сметководствената единица преку која се изразува вредноста во денари на фондот на

Отворениот задолжителен фонд на Комерцијална банка изнесува 184,79 денари, а на отворениот пензиски фонд на НЛБ банка изнесува 179,77 денари. 

За споредба: првиот ранг на сметководствената единица според која се изразува вредноста на средствата на фондот на Комерцијална банка на 1 февруари 2006 година била 100,02 денари.

По 10 години и 11 месеци вредноста на оваа сметководствена единица (на 31 декември 2016 година) е 184,79 денари. Тоа значи дека за овој период вредноста за 84,79 денари односно за околу 84 отсто. Слична е состојбата и кај вредноста на сметководствената единица на отворениот фонд на НЛБ Скопје. Вредноста на 1 февруари 2006 година е 100,02 денари, а на 31 декември 2016 година е 179,77 денари, што е приближно еднакво на раст на вредноста од 80 денари односно 80 отсто. Од објективни причини мора да се истакне дека досега резултатот на портфолио менаџерите на отворениот фонд на Комерцијална банка покажа за нијанса подобри резултати од стратегијата и тактиките на портфолио менаџерите од НЛБ Скопје. 
Растот на средствата на двата фонда од вториот пензиски столб покажуваат дека реформата даде резултати и дека фондовите работат во континуитет.

Како што веќе пишувавме двата фонда се најголеми домашни играчи на нашиот пазар на капитал при тоа доминираат и на сегментот на кој се тргуваат државни облигации, а истакнати маркет-мејкери се и на Македонската берза на пазарот на кој се тргуваат акции. Тука мора да се истакне и ангажманот на стручните лица од фондовите на акционерските собранија на некои домашни комапнии во кои фондовите вложија пари на идните пезнионери. Преку тоа што во континуитет лобираат врз менаџерите за континуиран раст на дивидендите, што секако е добро и за сите мали акционери и воопшто за зајакнување на нашата инвеститорска култура и придобивките од вложувањата.

Како што веќе пишувавме на крајот на септември лани вредноста на средствата на пензиските фондови според официјалните податоци на народната банка е 578 милиони евра, а во тој кумулатив огромно е учеството токму на двата фонда кои се предмет на наша обработка во овој текст и тоа надминува 90 отсто од сите средства.

Вредности на сметководствени единици на двата отворени задолжителни фонда од вториот пензиски столб (во денари)

Отворен фонд на НЛБ Скопје

Отворен фонд на Комерцијална банка

1.2.2006   100,1 денар

1.2.2006   100,02 денари

31.12.2006  105,93 денари

31.12.2006   106,26 денари 

31.12.2007  115,51 денар 

31.12.2007  106,26 денари

31.12.2008  100,15 денари

31.12.2008  107,12 денари

31.12.2009  116,87 денари

31.12.2009  120,67 денари

31.12.2010  125 денари

31.12.2010  129,59 денари

31.12.2011  129 денари

31.12.2011  130,70 денари

31.12.2012  139,22 денари

31.12.2012  142,37 денари

31.12.2013  151,06 денари

31.12.2013  153,99 денари

31.12.2014  160,73 денари

31.12.2014  164,58 денари

31.12.2015  170,19 денари

31.12.2015  174,39 денари

31.12.2016  179,77 денари

31.12.2016  184,79 денари


Слично

Поврзани вести