Економија, финансии, бизнис

Контакт

Прочистувачи на воздух за градинки и болници за 7,9 милиони денари

Прочистувачи на воздух за градинки и болници за 7,9 милиони денари

Министерството за животна средина и просторно планирање објави оглас преку кој за 7.923.729 денари купува прочистувачи на воздух за внатрешни простории.

Истите треба да бидат испорачани по градинки, специјални болници и институти во 53 општини и населени места.

Добитникот на тендерот ќе се одреди на електронска аукција а главен критериум е најниската цена. Потребно е да бидат застапени стандардите за систем за квалитет и стандардите за управување со животна средина.


Слично

Поврзани вести