ПРОЧИСТЕН ИЗБИРАЧКИ СПИСОК: ДИК ќе прави споредба на податоци од 13 институции!
На синоќешната комисија на Државната изборна комисија е усвоен начинот по кој ќе се прави прочистување на избирачкиот список.
Од вкупно 13 институции ДИК ќе ги вкрстува податоците и ќе прави проверки на различни бази и евиденции.
Засега како институции од кои ќе се прави вкрстувањето се споменуваат УЈП, ФЗО, Фондот за пензиско, НБРМ, МВР, ДЗС, потоа Катастар за недвижнини, Водовод и канализација, општините и слично.
Прочистувањето на Избирачкиот список го кочи методологијата на ДИК која треба да биде предложена од страна на партиите кои се потписнички на договорот од Пржино и регулацијата на медиумите.
На седницата исто така членовите на ДИК го усвоиија и извештајот за годишниот план за вкупните јавни набавки за годинава.
Пресметаната сума изнесува осум милиони евра а од нив најголем дел ќе се потрошат за предвремените парламентарни избори.
