Економија, финансии, бизнис

Контакт

Проблемот со природен гас надминат - предлозите на „Макпетрол“ разумни

Проблемот со природен гас надминат - предлозите на „Макпетрол“ разумни

На денешна средба во Стопанската комора меѓу претставници на Регуларната комисија за енергетика, државните компании НЕР и ГА-МА, како и трговците, снабдувачите и потрошувачите беше изнајдено решение за потенцијалните проблеми што може да ги предизвикаат новите најавени правила за увоз на природен гас во земјава.

Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, во гостувањето на телевизија „24“ истакна дека факт е оти компаниите се соочени со кратки рокови и додаде дека сите учесници на пазарот, вклучително и „Макпетрол“, немале проблем со целиот процес, туку со ризиците кои што би можеле да се појават.

За таа цел тој изјави дека ГА-МА или новата компанијакоја што ќесе формира наредната недела да превземат обврска да им помогнат на потрошувачите при изработката на номинациите и одредени технички работи. На тојначин е овозможено трговците и снабдувачите заедно да работат сопотрошувачите во јануари со цел да се релаксира ситуацијата.

- Ризикот којшто би го превземале снабдувачите и трговците во однос на дебалансите ќе биде релаксиран и од тие причини ќенема никаков проблем сето ова да стартува од 1 јануари. „Макпетрол“ бешеприсутен на состанокот, дел од овие беа нивни предлози, кои што серазумни. Компанијата се согласи со новиот пристап бидејќи одредени ризицисе тргнати со вклучувањето на ГА-МА. Ризиците кои што беа на снабдувачите, да не се соочат со ликвидност доколкуне плаќаат одредени потрошувачи, сега ќе го превзема државата преку ГА-МА - рече Бислимоски во гостувањето на 24 ТВ.

Слично

Поврзани вести