Економија, финансии, бизнис

Контакт

Проблемот со мигрантите дебата на состанокот на ЦЕИ

Проблемот со мигрантите дебата на состанокот на ЦЕИ

Денеска Охрид е домаќин на состанокот министрите за надворешни работи на државите членки на Централната европска иницијатива (ЦЕИ) .

Акцентот на денешниот состанок е ставен на проблемот со мигрантите кои деновиве транзитираат низ патиштата на земјава и регионот.

Според министерот  за надворешни работи на Република Македонија Никола Поповски земјите од Западен Балкан во просек се посиромашни и не може да се очекува да се опремени за справување со ваков наплив на бегалци како што со нив може да се справат земјите од ЕУ.

Попоски истакнал дека доколку ЕУ обезбедува и фондови, и се координира меѓусебно за да се справи со овој проблем, незамисливо е тоа да биде успешно направено без европска помош и без наша вклученост во таа нивна стратегија.

Сите министри присутни на состанокот упатија една порака, а тоа е стратегија која ќе ги обедини земјите од Западен Балкан во европската стратегија за полесно да се справат со сериозниот предизвик на миграциски движења.

Дел од овој состанок се  министри за надворешни работи и шефови на делегации од државите членки на ЦЕИ како Македонија, Албанија, Австрија, Белорусија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Молдавија, Црна Гора, Полска, Романија, Србија, Словачка, Унгарија, Италија, Словенија и Украина, а поканети се и специјални гости од Европската Унија, Европската банка за реконструкција и развој, Секретаријатот на ЦЕИ, ОБСЕ, Совет на Европа, РЦЦ, Република Косово и други, соопши Министерството за надворешни работи на Република Македонија.

Слично

Поврзани вести