Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРОБЛЕМОТ Е РЕШЕН: Металург патува во Шпанија!

ПРОБЛЕМОТ Е РЕШЕН: Металург патува во Шпанија!
Управата на ракометниот клуб „Металург“ во последен момент успеа да најде заеднички јазик со натпреварувачите и да се надминат недоразибрања, објави порталот за спортски вести Екипа. На состанокот со сопственикот на клубот Минчо Јораднов било решено ракометарите да патуваат за Шпанија за да не се ризикува евентуална ригорозна казна за клубот од страна на ЕХФ. Според Екипа на претходниот состанок што траеше повеќе од три часа, раководството на клубот му искажа доверба на тренерот Лино Червар и покрај сериозните критики што ракометарите ги упатиле на адреса на Хрватот. Иако во прв момент ракометарите одбиле да играат предводени од Червар, сепак на крајот надвладеало мислењето дека клубот се соочува со сериозни санкции доколку не се појави на дуелот од Лигата на шампионите со шпанска Ла Риоха. Сепак, подговеност да продолжатда играат за Металург искажале само македонските ракометари, додека речиси сите странски ракометари најавиле заминување од тимот од Автокоманда.
Слично

Поврзани вести