ПРОБЛЕМ КОЈ ЈА МАЧИ ТУРЦИЈА: Koлку изнесува инфлацијата?
Стапката на инфлација во Турција во јуни изнесува 71,6 отсто.
Годишната стапка на инфлација се намали на 71,6 отсто во јуни, покажуваат податоци на Турскиот статистички институт (Туркстат) објавени денеска.
Месечната инфлација на потрошувачките цени во јуни изнесувала 1,64 отсто, т.е. под очекувањата и е пониска од 3,37 отсто во мај. Годишната инфлација во мај изнесува 75,45 отсто.
Турскиот министер за финансии и трезор Мехмет Шимшек неодамна изјави дека инфлацијата го достигнала врвот во мај пред да влезе во дезинфлациски курс.
Потрошувачите во еврозоната очекуваат инфлација од 2,8 отсто во следните 12 месеци, покажува истражувањето на Европската централна банка (ЕЦБ) за мај.
foto freepik.com/tariktk
Слично
