Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пробивот на Карлос Слим во Европа, промени на телекомуникацискиот – пазар во Македонија!

Пробивот на Карлос Слим во Европа, промени на телекомуникацискиот – пазар во Македонија!
Прашање на време беше кога ќе се случеше окрупнувување на македонскиот телекомуникациски пазар. Информацијата која вчера одекна во земјава – превземањето на ОНЕ од страна на ВИП, секако беше изненадување за поштироката јавност, но не и за упатените во телекомуникацискиот бизнис. Фактор уште пред две недели анализирајќи го финансиските извештаи на телекомуникациските компании обелодени дека е неопходно окрупнување на телекомуникацискиот пазар. Сега, откако Телеком Австрија групацијата објави дека наскоро ќе заврши процесот на спојување на Вип операторот во Македонија со Оне операторот во истата земја на Телеком Словеније, прашањето е што ќе се случува со Т-мобиле, во моментот водечка компанија во овој бизнис, особено ако се имаат в предвид бројките од финасиските извештаи кои регистрираат намалување на приходите. Со пробивот на Карлос Слим на пазарот во Европа, окрупнувањето беше очекувано. Приказната започна откако милијардерот Карлос Слим го купи Телеком Австрија Најбогатиот човек на светот Карлос Слим кон крајот на април годинава стана доминантен сопственик во Телеком Австрија, фирмата која го поседува и македонскиот оператор ВИП. Сумата со која Слим го купи Телеком Австрија, беше јасна индиција дека компанијата ќе превзема сериозни чекори. Мексиканскиот милијардер Карлос Слим, по маратонските преговори со австриската влада, кон крајот на април 2014 година постигна договор за преземање на Австриски Телеком. По потпишувањето на договорот со австриската државна холдинг компанија, компанијата на Слим, Америка Мовил соопшти дека за купување на преостанатиот удел во Телеком ќе понуди 7,15 евра по акција. За докапитализација, Слим ќе вложи една милијарда евра, соопштуваат од неговата компанија. „Овој договор е основа за иден раст, иновации и солидни инвестиции во Телеком Аустриа“, изјави тогаш извршниот директор на Америка Мовил, Даниел Хаџ. Благодарение на новиот договор, компанијата на Слим направи продор во Европа, имајќи предвид дека настојува да го прошири работењето надвор од Латинска Америка. И не помина долго време, барем кога е во прашање македонскиот телекомуникациски пазар - вчера стаса и официјална информација дека ВИП го превзема операторот ОНЕ. Фактор уште пред две недели прогнозираше окрупнување на пазарот Фактор не така одамна анализирајќи ги финасиските извештаи на телекомуникациските оператори навести окрупнување во овој бизнис. Имено, по намалување на цената за интерконекција на големо на продажните цени за 70%, сите три мобилни оператори во земјава регистрираа намалување на приходите. Еве што покажуваат финасиските извештаи на компаниите. Македонски Телеком и Т-мобиле (Т груп), ОНЕ ( Телеком Словенија)  и Вип (Телеком Австрија), падот на приходите не е мал. Приходите на Т мобил и Телеком, во првата половина на 2014 година изнесувале 87 милиони евра додека во првата половина на 2013 година приходите од истите услуги остварени на македонскиот пазар изнесувале 110 милиони евра. Бројките, практично прикажуваат пад на приходите од продажба за 26,70%. Поделено по тип на услуги, падот на приходите за услуги од мобилната телефонија се намалиле за 17.20% и во првата половина на 2014 година изнесувале 48 милиони евра, додека истиот период 2013 приходите остварени по истиот основ на македонскиот пазар изнесувале 58 милиони евра. За да се намали ударот од падот на приходите и да се овозможат соодветни услуги за корисниците, во ЕУ, а и во светски рамки постои тренд на консолидација на пазарите. Овој тренд е единственото решение за повеќето компании, кои освен што на тој начин обезбедуваат поголема продуктивност, овозможуваат и најновата технологија од светот на комуникациите да ја направат достапна за своите корисници. ВИП и ОНЕ ќе имаат лидерска позиција во мобилната телефонија? Објавеното спојување на операторите ВИП и ОНЕ се очекува да предизвика поместување на пазарот на мобилна телефонија во Македонија. Досегашниот пазарен лидер Т-Мобиле, кој контролираше околу 47,06% од пазарниот удел според бројот на претплатници, согласно извештајот на Агенцијата за електронски комуникации за првиот квартал од годинава, сега би можел да падне на второ место. Имено, извештајот за развојот на пазарот за електронски комуникации во првиот квартал во 2014 година, покажува дека ВИП има 27,82%, а ОНЕ 23,88% од вкупниот број на претплатници. Со спојување на овие два оператори во една компанија, практично ќе се создаде гигант кој ќе контролира повеќе од половина од пазарот на мобилна телефонија во Македонија. Минорни 1,24% од бројот на претплатници во мобилната телефонија се кај операторот Албафон. Телеком Австрија Групацијата ќе поседува 55% удел во компанијата ОНЕ и ќе има целосна контрола врз новосоздадениот ентитет, додека Телеком Словеније ќе задржи 45%. Договорот, исто така, вклучува опции за купување и продажба за излегување на Телеком Словенија од заедничкото вложување во рок од три години од затворањето на спојувањето. Затворањето на трансакцијата, меѓу другото, е предмет на потврда после спроведена детална анализа на ОНЕ, што се очекува да биде финализирано до средината на ноември, кога и ќе бидат објавени повеќе информации. Исто така, спојувањето е предмет на одобрување од страна  на надлежните институции во Република Македонија и се очекува затворање на трансакцијата во првиот квартал од 2015 година. Ќе растат ли цените на мобилните услуги По објавувањето на информацијата никој не сакаше да соопшти повеќе детали освен официјалното соопштение. Како ќе излега спојувањето, што со вработените, како понатаму ќе се дејствуваат на македонскиот пазар? На овие прашања одговори допрва ќе следуваат. Повеќе од јасно е дека случувањата во телекомуникациоскиот бизнис во земјава нема да застанат овде. Дали неповолните финасиски извештаи на телекомуникациските опратори, може да значат и поскапување на мобилните услуги. Но, на долг рок за сите „играчи“ на пазарот, а ситуацијата не е баш најсреќна нема да бидат ни корисниците каде што најверојатно ќе заврши „ударот“ на долг рок. И.М
Слично

Поврзани вести