Пробиен последниот тунел од трасата Бељаковце - Крива Паланка за железничко поврзување со Бугарија
Директорот на ЈП Железници Инфраструктура,Синиша Ивановски, објави дека изутринава е пробиен и последниот тунел од вкупно 15те од втората фаза од градбата на пругата кон Бугарија ( Бељаковце - Крива Паланка).
„Пробивањето на тунелите се смета за една и од поспецифичните градежни активности. А на овој проект оваа позиција е веќе завршена.
И натаму моменталниот прогрес од страна на изведувачот не е според очекувањата но можам да соопштам дека најспецифичните сегменти од проектот полека се надминуваат и очекувам месеци на посериозна оперативна активност и видлив прогрес.
Коридорот 8 е од стратешко значење за Македонија и за НАТО и како таков сериозно се работи на неговата изградба и поврзување на Јадранско Море со Црно Море“, објави Ивановски.
Слично
