Економија, финансии, бизнис

Контакт

Признајте го Косово - украински пратеник покрена петиција, веќе има потписи

Признајте го Косово - украински пратеник покрена петиција, веќе има потписи

Украински пратеник покрена петиција за признавање на независноста на Косово.

Олексеј Гончаренко поднесе петиција до претседателот Володимир Зеленски со барање за признавање на независноста на Косово. Доколку петицијата собере најмалку 25.000 потписи, Зеленски ќе мора официјално да одговори на барањето. 

„Во контекст на влошувањето на ситуацијата на Косово и агресивната политика на Србија кон Косово, му предлагам на претседателот на Украина Володимир Зеленски да ја разгледа можноста за признавање на државниот суверенитет и независност на Република Косово. Зошто тоа да се направи Сега? Независноста на Косово ја признаваат половина од членките на ОН, вклучително и САД, како и повеќето земји од ЕУ и НАТО“, стои на почетокот на петицијата.

На 13 декември беше регистрирана петиција на веб-страницата на претседателот на Украина, во која се бара да се разгледа можноста за признавање на независноста на Косово. Досега гласале 2.927 луѓе.

Србија е една од ретките држави која не воведе санкции за Русија и поради ова имаше реакции во Украина. 

Инаку, деновиве имаше тензии на Косово, каде Србија бара да се вратат нејзини војници, но за ова барање Албанија е против и го смета за нереално. 

Слично

Поврзани вести