Економија, финансии, бизнис

Контакт

Привремено затворена границата со Грција за мигранти

Привремено затворена границата со Грција за мигранти

Надлежните власти го затворија за мигранти граничниот премин во близина на Гевгелија.

Не се дозволениповеќе мигранти на македонска земја, соопштија од министерството за надворешни работи.

Од таму прецизираа дека мерката е воведена поради блокадата на меѓународната железничка линија за трансфер на мигранти во Словенија.

Министерството за надворешни работи во Скопје официјално беше информирано дека има хаварија и поради оваа причина е запрено движењето.

Властите во Љубљана побарале привремено да се прекине мигранскиот бран кон Европа.

Потсетуваме дека во изминатата година преку територијата на нашата земја поминаа повеќе од 700 000 мигранти.

Сите тие доаѓаат организирано од Грција до македонската граница со автобуси или возови. Од ноември месец 2015 година Македонија допушта бегалци од само три држави - Ирак, Сирија и Авганистан. Истиот месец македонските гранични власти кренаа и жица долж границата со Грција.

Слично

Поврзани вести