Привремено запира постапката за преземање на Стопанска банка а.д. Битола
Привремено се запира постапката за преземање на Стопанска банка а.д. Битола од страна на српската Алта банка. Одлуката ја донесе Комисијата за хартии од вредност, а причината е промена на преземачот во рамки на истата групација.
„Известуваме дека согласно член 22, став 1 од Законот за преземање на акционерски друштва, Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија, на ден 25.8.2025 година заведено под архивски број 02-10332/1 до Стопанска банка а.д. Битола достави Решение УП1 бр.10-54 од 19.8.2025 година, со кое, врз основа на член 1 став 2 од Законот за преземање на акционерски друштва (“Службен весник на Република Македонија„ бр.69/2013, 188/2013, 166/2014, 154/2015, 23/2016 и 248/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.21/2020) и член 54 став 1 од Законот за општа управна постапка („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.124/2015), постапувајќи по барањето на Алта Гроуп ДОО Белград, Р. Србија за добивање дозвола за понуда за преземање на акционерското друштво Стопанска банка а.д. Битола, на својата седница одржана на ден 19.08.2025 година донела Решение со кое постапката се запира поради промена на преземачот во рамки на истата групација“, соопшти банката преку Македонската берза.
Се појаснува и дека Алта банка не се откажува од намерата за преземање на Стопанска банка а.д. Битола, односно само врши промена на преземачот во рамките на истата групација.
