Економија, финансии, бизнис

Контакт

Привремено се укинува таксата за македонски камиони во Косово

Привремено се укинува таксата за македонски камиони во Косово
Привремено се укинува таксата што од минатата недела треба да ја плаќаат сите македонски превозници кои влегуваат во Косово. Од Министерството за транспорт и врски, постигнале договор со косовските власти до 27 јуни на полноќ да се пролонгира мерката за наплата од по 100 евра за влез на секој македонске камион. Во меѓувреме од македонската и косовската страна се обврзаа во наредниот период да ги разгледаат можностите за потпишување на согодба за либерализирање на патниот превоз меѓу Македонија и Косово. Косовската влада новата такса од 100 евра ја воведе за камионите кои превезуваат стока од Србија, Македонија и Црна Гора и Косово, а како мерка на раципроцитет поради истите такси кои овие земји ги имаат за превозниците од Косово. „Ова е реципрочна мерка за заштита на извозните компании од Косово. Овој надоместок ќе важи и за другите земји во регионот, со исклучок на Албанија, затоа што таа никогаш не барала никакви такси за камионите од Косово”, изјави мината недела советникот на министерот за инфраструктура во Косово, Шах Нитај.
Слично

Поврзани вести