ПРИВРЕМЕНА ИЗМЕНА ВО УПРАВНИОТ ОДБОР НА АЛТА БАНКА АД БИТОЛА: Борислав Атанасовски е назначен за член на Управен одбор, до избор на постојан член
АЛТА банка АД Битола информира за промени во органите на управување, согласно Глава 6 од Правилата за котација.
Од Банката соопштуваат дека на 13 јануари 2026 година истекла важноста на согласноста за именување на м-р Даниела Ѓоршевска за член на Управниот одбор на АЛТА банка АД Битола.
До финализирање на постапката за пополнување на составот на Управниот одбор, Надзорниот одбор на Банката донел одлука за именување на м-р Борислав Атанасовски за вршител на должност – член на Управниот одбор, од редот на членовите на Надзорниот одбор.
Од АЛТА банка посочуваат дека измената е привремена и ќе важи до завршување на регуларната постапка за избор на член на Управниот одбор.
Слично
