Приведените судии во „Јустиција“ добија замена
Судскиот совет денеска избра седум судии за Прекршочниот суд, на местото на приведените во случајот „Јустиција“. Новоизбраните судии треба да започнат со работа на 1 ноември, а по потреба од почетокот на следната година во овој суд ќе бидат делегирани уште двајца судии.
Полициската акција „Јустиција“ речиси целосно го испразни судот за прекршоци. Вкупно беа разрешени 14 судии, од кои пет се во пензија, а девет се активни судии. Заедно со 11 стручни соработници во Судот тие се осомничени за намерно застарување на околу 8.000 судски предмети, со што предивикале штета во Буџетот од 1,3 милиони евра.
По акцијата, во судот останаа само четворица судии, кои решаваа огромен број прекршочни предмети.
Слично
