Приведени учениците кои го предизвикаа труењето со гас во скопско училиште
Кривични пријави ќе заработат двајца сегашни и еден поранешен ученик во средното училиште „Арсени Јовков“, кои се приведени под сомнение дека се виновни за индцидентот со труењето.
Тие во средата со непознат спреј прскале во училиштето по што 14 ученици и еден професор со симптоми на гушење и солзење на очите, завршија на Клиниката за токсикологија.
Полициската истрага треба да ги открие мотивите на сторителите, дали тоа е направено од невнимание или била намерна штета.
Деновиве треба да излезат и токсиколошките анализи кои треба да покажат за каков спреј се работи. Првичните лекарски наоди укажуваа дека станува збор за слаба хемикалија која не можела да предизвика негативни ефекти врз здравјето на учениците и професорот.
