Обновено: 48 часовен притвор за српскиот бизнисмен Мирослав Мишковиќ и девет соработници
На сопственикот на Делта холдинг Мирослав Мишковиќ, неговиот син Марко како и на уште осум лица, кои утринава беа приведени од српската полиција им е одреден 48 часовен притвор, објавија српските медиуми. Сите приведени се наоѓаат во зградата на Министерството за внатрешни работи, а се очекува да бидат префрлени во Обвинителството за борба против организираниот криминал.
Имаку утрово полицијата го приведе познатиот српски бизнисмен Мирослав Мишковиќ сопственикот на „Делта холдинг" поради основно сомневање за малверзации при приватизацијата на претпријатијата за патишта. Покрај него беа приедени и сопственикот на фирмата „Мера инвестмент фонд“ Марко Мишковиќ како и сопственикот на „Нибенс груп“, „Шер корпорација“ и „ПТП Ниш“ Мило Џурашковиќ, пренесува Танјуг.
Полицијата исто ги притвори и поранешните директори на шишкото претпријатие за патишта Милутин Гачевиќ и Зоран Михајловиќ, како и претседателот на акционерското собрание Дејан Јевтиќ и директорот на „Делта Брокер" Предраг Филиповиќ.
Исто така приведени се и директорот на „Шер корпорација“ Ристо Ристиќ, акционерот Зоран Каитовиќ како и проценителот на „Конзита“ Здравко Рашо.
Слично
