Економија, финансии, бизнис

Контакт

Приведен жител на Танушевци за нелегален транспорт на мигранти

Приведен жител на Танушевци за нелегален транспорт на мигранти

Полицијата приведе едно лице од скопско Танушевци за нелегален транспорт на 30 мигранти.

Полицајци вчера  во 11.10 часот во близина на тунелите на автопатот во правец Демир Капија-Велес, забележале  товарно возило „Мерцедес“ управувано од Љ.М.(23) од скопското село Танушевци. На даден знак да го запре возилото истиот го продолжил движењето и после  неколку километри го запрел возилото по што совозачот Р.Ј.(20) од Скопје избегал. Од преземени мерки Љ.М. е приведен, а додека Р.Ј. успеал да избега, од проверка на возилото во кое  во просторот за товар се пронајдени 30 мигранти од Авганистан, Ирак и Конго, кои се приведени во ПС-Неготино.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на Р.Ј. и целосно расчистување на случајот.

Слично

Поврзани вести