Приведен е убиецот на коњот во Ѓорче
Полицијата поднесе прекршочна пријава за насилникот кој до смрт измачуваше коњ во населбата Ѓорче Петров.
Тој е повикан на распит, а прекршочната пријава му е поднесена за нарушување на јавниот ред и мир. Доколку против него се поднесе кривична пријава за малтретирање и убивање на животно, му се заканува казна затвор до една година.
Активистите од Здружението за заштита на животни „Анима мунди“ вчера протестираа пред полициската станица во Ѓорче и бараа да му се предаде вториот коњ, кој се уште е кај насилникот. Тие бараа и да се казнат полицајците кои не интервенираа навреме да се спаси животното.
Инаку, приведеното лице го измачувал и прегланувал коњот до смрт, за потоа со него да ги нахрани кучињата наменети за борби.
